vesti24.mk
ЗАБАВА

Желбата за прегледи на Јутјуб го чинеше живот: Убиено младо момче додека снимало видео од лажен грабеж

ECA

Видео од пранк наменето за „Јутјуб“ го чинеше 20-годишниот Тимоти Вилкс неговиот живот. Младиот Американец беше застрелан додека наводно се обидувал лажно да ограби група на лица, предизвик кој сакал да го сподели со своите следачи.

Како што раскажал пријателот кој бил заедно со Вилкс, во петокот навечер тие им се приближиле на група на луѓе кои седеле на паркингот пред забавен парк во Нешвил, Тенеси, носејќи со себе големи ножеви. Кога ги забележале, еден од групата извадил пиштол и во самоодбрана го застрелал јутјуберот.

Полицијата нема да поднесе кривична пријава против пукачот, зошто верува дека пукал во самоодбрана, но сè уште испитуваат дали тврдењата на пријателот на Вилкс дека грабежот бил лажен и само за на „Јутјуб“ се вистинити.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts