vesti24.mk
ЗАБАВА

Жените мора да го знаат ова: Тројца виновници за намалување на плодноста

ECA

Истражувачите откриле кои се трите големи фактори за намалување на плодноста кај жената.

Ограничете ја количината на кофеин која ја внесувате. Нека биде најмногу 300 милиграми на ден. Тоа не значи дека треба да се откажете од вашиот омилен пијалок, само треба да имате во предвид дека и газираните пијалоци, чоколадото и чајот исто така содржат одредена количина на кофеин.

Телесната тежина има голема улога во плодноста на жената. Оние жени кои имаат вишок на килограми потешко може да забременат бидејќи масните ќелии создаваат дополнителна количина на естроген, кој делува како антибеби пилула.

Физичката активност. На оние жени кои сакаат да станат мајки  им се препорачува да ја зголемат својата физичка активност. Нема потреба од некоја посебна преоптеретеност со ова, но половина час во денот да одвоите за пешачење ќе биде доволно. Со тоа ќе ја зголемите циркулацијата, а таа е многу важна за репродуктивните органи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts