vesti24.mk
ВЕСТИ

Загриженост кај родителите и пациентите со други болести поради пренаменувањето на одделенија во охридската болница во ковид центри

ECA

Епидемиолошката состојба во Охрид е сложена и загрижувачка. Капацитетите се преоптеретени, а за да се обезбедат легла дел од одделенијата се пренаменуват во Ковид центри. Според последните информаци во Општата болница во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти. Тие се сместени на инфективното, интерното одделение во делот на хируршките амбуланти, на геријатрија, а од неодамна и на одделот за неуропсихијатрија. Но тоа го отвара прашањето што со останатите пациенти.

До редакцијата на Охрид 24 се обратија загрижени родители кои велат дека за да појдат до педијатрија тие треба да поминат низ влезот за одделот за неуропсихијатрија, со што ги доведуваат во опасност нивните деца.

– Одделението за педијатрија нема посебен влез, ги користиме истите ходници и скали кои водат и кон нервното и интерното одделение каде се сместени пациенти позитивни на Ковид-19. Ние за да ги однесиме нашите деца на педијатрија треба да поминеме низ тој дел, па поради тоа сме загрижени за нивното здравје, велат родители кои се обратија до нивната редакција.

Освен кај родителите, загриженост постои и кај пациентите со други болести. Тие стравуваат дека нема кој и каде да ги лекува со оглед на тоа што сите ресурси се насочени кон битката со коронавирусот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts