vesti24.mk
ВЕСТИ

Заев ако го реши Делчев како името со Ципрас, следи ново откажување од Македонија

ECA

Леснотијата со која премиерот Зоран Заев ги опишува проблемите со Бугарија во врска со нивните условувања веројатно е дека ќе резултираат со откажување од македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој се чини дека после 117 години од неговата смрт ќе стане Бугарин, зашто „граѓанин на Северна Македонија“ секако не бил.
Не се ни чудни изјавите на Заев кои се во контекст на откажување и прогласување на историските личности како дел од историјата на еден друг народ, кога Заев го промени името, се друго се чини „лесно“.

Заев со „решавањето“ на проблемот со името ништо суштински не донесе во прилог на државните интереси, само дополнителни обврски и правни импликации за Македонија. По договорот со Грција македонските брендови во светот станаа северно македонски производи, а грчките производи – македонски, да не говориме за предзнакот „граѓани на Северна Република Македонија“, како и јазичното негирање на македонскиот јазик во „јазикот кој го зборат граѓаните на Северна Македонија“.

Сега власта не во обид, туку јавно и транспарентно, се чини без срам ќе го продава Гоце Делчев на Бугарите. Дека тоа е факт потврди и Заев чии изјави се во согласност со она кое планира да го договори со Софија.

Анти-македонската реторика на Заев во изјавите „Македонците и Бугарите се еден ист народ“, како вчерашната изјава „Гоце Делчев е наш“ не Гоце Делчев е Македонец, како најава за она што Заев ќе го потврди и бетонира со Бугарија е продолжение на уште едно предавство и откажување од сопствениот идентитет.

Бугарската академија на науките во 2019 година усвои став дека македонскиот јазик не постои, оти тој бил бугарски дијалект, на што следеше усвоена Декларација од бугарското Народно собрание во која низ серија на дваесетина услови и закани за идна блокада како неспоменување на македонски јазик и „бугарски фишистички окупатор“, откажување од македонското малцинство во Бугарија, строго придржување кон членот од Договорот за историските личности, Заев со последната изјава дека овие прашања се полесни од името, најавува откажување од Гоце Делчев, па вели дека е подготвен да го реши ова прашање.

Посилната реторика на Софија во прашањето на решавањето на проблемот со Гоце Делчев, како последната на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој вели дека „современиот македонски идентитет и државност не можат да се градат врз негирање на се што е бугарско“ и ставот на Каракачанов, бугарскиот вицепремиер кој вели дека доколку не се седне да се разгледува прашањето за историските личности Бугарија ќе ја блокира Македонија на меѓувладината конференција, а притоа немањето на никаква реакција од страна на владата во однос на овие изјави, покажува дека Заев е спремен да го пазари Гоце Делчев.

Заев за Македонската телевизија рече „ова е полесно прашање од прашањето што го имавме со името со Грција“, несомнено верувајќи во решение со „пријателска“ Република Бугарија, го потврдува она што го тврдат од официјална Софија.

Прво Заев се откажа од името колнејќи се во жицата и децата, а сега е јасна неговата спремност да прифати откажување од Гоце Делчев, што несомнено ќе биде егзекуција на македонската историја и ново откажување од идентитетската посебност и признавањето дека македонскиот народ произлегува од бугарскиот народ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts