vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Заев удира по џебот на народот, Бесими најави ново зголемување на даноците

ECA

За да се спроведе финансиската децентрализација, односно централната власт да им даде повеќе пари од буџетот на локалните самоуправи, то ест опшините ќе следи зголемување на даноците кои македонските граѓани ќе ги плаќаат.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше директно запрашан кога општините може да очекуваат повеќе пари, рече дека Владата има план за зголемување на даноците, вклучително и ДДВ во, но и персоналниот данок.

Според Бесими, ова ќе започне да се реализира од 2022 година, за да продолжи во 2023, 2024 година и во зависност од процентот во 2025 година.

„Ако има зголемување на даноците, и на ДДВ и на персонален данок, што ќе произлезе од анализата, имаме некои проценки. Заедницата за локална самоуправа (ЗЕЛС) има неколку проценки за нив, како и за работната група што е формирана во владата, во која членуваат ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и други оддели, тие имаат заеднички точки, всушност ќе се појави предлог за кој ќе разговараме поконкретно на ниво на бројки и динамика“, рече Бесими.

Инаку треба да се спомене дека голем дел од македонските општини се во огромни долгови и на кои власта во два наврати им даде неколку милионски суми за да ги покријат стоите долгови, а од друга страна тие трошеа големи суми на пари за набавки на службени возила.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts