vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Замина уште една легенда: Почина Бранка Станковска

ECA

Легендарната радио и тв спикерка и водителка, Бранка Станковска, која имаше 90 години, почина денеска во Скопје.

Станковска целиот работен век од 39 години го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.

Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts