vesti24.mk
ЗАБАВА

Заразените горили со коронавирус целосно оздравеле

ECA

Осум горили од Зоолошката градина во Сан Диего целосно заздравеле откако минатиот месец биле позитивни од Ковид-19, соопштија од Зоолошката.

Горилите се заразиле и покрај тоа што членовите на тимот кои се грижат за нив се придржувале до мерките кои биле препорачани.

Сите осум горили по дијагнозата биле во изолација, а некои од нив имале блага кашлица, гушење и секрет од носот.

Официјалните лица од Зоолошката градина сметаат дека горилите оздравеле благодарение на добрата нега од ветеринарите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts