vesti24.mk
ВЕСТИ

За Владата се уште поглавар на ИВЗ бил Реисот кој ја прогласи короната за умрено, но набрзо се корегираа!

ECA

Во соопштението кое што првично беше испратено до медиумите од страна на Владата за поглавар на ИВЗ се уште бил реисот Сулејман Реџепи, но само за кратко, откако истите се корегираа и во соопштението го наведоа актуелниот поглавар, односно реисот Шаќир Фетаи.

-Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.

Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.

Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Шаќир Фетаи за придонесот во справувањето со пандемијата.

Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството, стои во корегираното соопштение од Владата.

Претходно во истото соопштение беше наведено името на поранешниот поглавар на ИВЗ, односно на реисот Сулејман Реџепи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts