vesti24.mk
ВЕСТИ

За среда и петок има посебно правило: Што смее да се јаде за Петровденскиот пост?

ECA

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар почна Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12-ти јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.

Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts