vesti24.mk
ВЕСТИ

ЗДАНИЕ ОПКОЛЕНО СО БОДЛИКАВА ЖИЦА: Турските медиуми објавија во каков раскош живее Седат Пекер, пред влезот има и топ! (ФОТО)

ECA

Седат Пекер мафијашот на кого македонското МВР му издало и македонски пасош под името Џадин Амедовски се уште е топ тема во регионалните медиуми, а особено во Турција каде минатата недела се апсеше неговата група и тесни соработници.

И додека турската полиција влезе во домот на Пекер, медиумите едвај го фотографираа раскошот во кој живее тој поради недостапниот терен.

Станува збор за вила вредна неколку милиони евра сместена среде шума.

Таа се наоѓа во Истанбул во округот Бејкоз, а истата според фотографиите на турските медиуми цела е опколена со бодликава жица.

Поседува базен, а пред влезот има и топ кој симболизира моќ.

Полицијата минатата недела влезе зад ѕидините на овој раскош, а според информациите Пекер се уште не е пронајден и е надвор од Турција.

Едно е само прашањето на целата јавност? Каде заминал мафијашот со македонскиот идентитет и пасош кој му го издало МВР под чие раководство е Оливер Спасовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts