
Многу луѓе кога ќе откријат дека ќе станат родители а имаат куче во куќата, почнуваат да се прашуваат дали останувањето на бебе и домашно милениче во иста просторија е добра работа. Исто така, родителите често ги отфрлаат барањата од мали деца да имаат куче – затоа што на нив гледаат само на обврска. Сепак, психолозите го тврдат спротивното.
Имено, експертите тврдат дека одгледувањето деца со кучиња има многу придобивки. Ви ги претставуваме 4-те најважни.
Одговорност и самодоверба
Децата не само што учат што е одговорност, туку и ја зајакнуваат самодовербата со домашно милениче. Кога децата се успешни во грижата за домашно милениче, тие се горди на себе и се чувствуваат добро. За возврат, нивната самодоверба расте.
Отпорност на алергии и астма
Децата кои растат со кучиња имаат помал ризик од развој на астма или развој на алергии, докажаа многу научни студии.
Позитивно влијание
Како и возрасните, и децата имаат лоши денови, а потоа се свртуваат кон своите миленици. Престојот во нивно друштво ги смирува и радува.
Играта е бесценета
Играта на деца и куче е најслаткото нешто што ќе го видите секој ден ако добиете куче за вашето дете. Тие слатки моменти секогаш ќе сакате да ги забележите како траен спомен.
извор:курир.мк