vesti24.mk
ЗАБАВА

Зошто интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

ECA

Дали сте забележале дека некои луѓе имаат само неколку пријатели? Според едно истражување, интелигентните луѓе имаат мал круг на блиски луѓе. Зошто е тоа така?

Новото истражување објавено во списанието British Journal of Psychology се занимава со прашањата на тема „што го прави животот подобар“.

Во истражувањето учествуваа 15.000 луѓе на возраст од 18 и 28 години. Истражувањето покажа дека луѓето коишто живеат во густо населени држави се помалку задоволни од квалитетот на нивниот живот. Исто така, научниците заклучија дека оние коишто почесто се дружат со своите пријатели се посреќни.

Понатаму податоците покажале дека луѓето се многу позадоволни од својот живот, кога ќе ги зајакнат социјалните интеракции – се запознаваат со нови истомисленици и создаваат нови контакти.

Има и уште еден интересен феномен откриен од страна на истражувачите – луѓето со висок коефициент на интелигенција стануваат незадоволни и несреќни во својот живот кога поминуваат повеќе време со своите пријатели и кога се опкружени со повеќе луѓе.

Луѓето со висок IQ се дружат само со неколку луѓе со кои ги споделуваат своите мисли, желби и соништа.

„Објаснувањето на ова истражување е едноставно и не е особено изненадувачко”, пишува The Washington Post.

Луѓето коишто имаат високо ниво на интелигенција се фокусирани на обврските или на работата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts