vesti24.mk
ЗАБАВА

Идеја за ручек: Шпагети со ќофтиња

ECA

Тестенини со сос се секогаш добра идеја за ручек.

Потребни состојки:

Шпагети

450 гр мелено месо

Презла

Магдонос

¼ шолја пармезан

1 јајце

2 чешниња лук

Половина главица кромид

1 конзерва домати пелат

Ловоров лист

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте го месото со презла, ситно исечкан магдонос, пармезан, јајце и ситно исечкан лук. Посолете и соединете ја смесата. Направете помали ќофтиња од смесата, а потоа испржете ги ќофтињата во тава. Додајте го ситно исечканиот кромид и откако ќе омекне додајте ги и доматите и ловоровиот лист. Посолете, додајте и бибер и оставете да зоврие.

Вратете ги ќофтињата во тава и поклопете. Оставете го сосот за да не се згусне, околу 10 минути. Сварете ги шпагетите и сипете од сосот со ќофтиња.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts