vesti24.mk
ВЕСТИ

Изгореа и канцелариите на Министерството за животна средина, пожарникарите во битка со огнот кој се проширува

ECA

Канцелариите на Министерството за животна средина, лоцирани во зградата на поранешна Комерцијална банка се целосно изгорени во пожарот кој започна рано изутринава, дознава Алсат.

Најкритичен е првиот кат каде што се наоѓа и Државниот инспекторат за животна средина, чии канцеларии исто така се зафатени од пожарот. Огнената стихија во зградата во којашто е сместен и Секретаријатот за европски прашања почнува да се шири и кон вториот кат.

Од Секретаријатот информираат дека нивните канцеларии, лоцирани на 4 и 5 кат, не се зафатени од огнот.

Пожарникарите се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts