vesti24.mk
ВЕСТИ

Изгоре ли криминалот со ИПА фондовите со архивата во животна средина

ECA

Во пожарот кој што пред некој ден ја зафати зградата на поранешна Комерцијална банка најмногу штета претрпе Државниот инспекторат за животна средина. Огнот, кој според првичните информации настанал од дотраеност на електричната инсталација, ги зафатил архивата на Инспекторатот и дел од канцелариите. Оттука се поставува прашањето и се отвораат дилеми дали изгореле евентуално некакви документи кои укажувале на злоупотреба на пари од европските проекти, а наменети за проекти од оваа област.
За ова прашаа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве јавно прашуваме, потенцирам јавно прашуваме, би ги повикал тука и медиумите да го истражат случајот, дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција‘, вели порпаролот Димче Арсовски.

Директорот на Инспекторатот за животма средина, Фејзула Спахија потврди дека изгорела целокупната документација а штетата допрва ќе ја проценуваат.

-Ни се отвори голем проблем, изгоре целата документација. Последните предмети се кај инспекторите, но и таму пожарникарите интервенирале со вода.Не знаеме што е зачувано од компјутерите, а што не. Ова ќе биде огромна штета за нас. Само мојата канцеларија не е уништена. Ќе побарам средба со министерот за животна средина за да ни најдат простории каде би можеле да се сместиме. Целокупната штета допрва ќе ја проценуваме, вели директорот на Инспекторатот, Фејзула Спахија.

Наспроти изјавите од инспекторатот, и од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пожарот е премногу сомнителен и повикаа институциите целосно да го истражат случајот но побараа и официјален записник со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени.

-Пожарот кој го зафати државниот инспекторат за животна средина сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина.Затоа јавно прашуваме, што содржеа тие документи кои што изгореа? вели Арсовски.

Оваа состојба фрла голема дамка на целокупното работење на институциите од ваков тип посебно ако се знае дека во минатото имаше шпекулации за правичноста на работењето со ИПА фондовите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts