vesti24.mk
ВЕСТИ КУЛТУРА

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

Излезе од печат новиот стрип албум за деца „Бестрашниот“ на авторот Дарко Богданов.

Станува збор за детски стрип кој е создаден уште во 2008 година, и кој најпрвин требаше да излезе во издание на тогашниот бугарски издавач „ИЕКК Комикс“, но изданието не беше реализирано.

Како што соопшти авторот, после многу години, стрипот конечно е презентиран пред читателите, осовременет со нов колор и збогатен дополнително со текстуален осврт и бонус материјали.

-Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед, изјави Богданов.

Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ и е финансиски поддржан од Министерството за култура, како дел од годишната програма од национален интерес. (МИА)

извор:курир.мк

Related posts