vesti24.mk
ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ

Имаат непријатна миризба, но мора да ги јадете: Тие го намалуваат ризикот од рак

ECA

Исхраната богата со лук и кромид може да ги намали ризиците од заболување од неколку видови на рак.

Анализирајќи ги резултатите од 8 студии спроведени во Италија и Швајцарија, научниците заклучиле дека постарите луѓе кои јаделе повеќе лук и кромид имале помали ризици да заболат од неколку видови на рак, вклучувајќи ги ракот на дебелото црево, јајниците и грлото.

Откритијата, објавени во американско списание за клиничка исхрана, се во согласност со некои поранешни истражувања спроведени во Кина. Меѓутоа, прехранбените навики во Кина наголемо се разликуваат од исхраната на Запад.

Кинезите јадат многу повеќе лук, изјави доктороката Карлота Галеоне, главната авторка на новата студија.Научниците се уште не се сигурни дали лукот и кромидот имаат директно влијание на ракот. Можно е, на пример, луѓето кои сакаат лук и кромид воопшто да се хранат на начин што ги штити од рак.

Од друга страна, испитувањата на животни и експериментите во лабораторија со станици на рак покажале дека некои состојци на лукот и кромидот можат да го инхибираат растот на туморот.

Таа улога, меѓу другите, им се припишува на сулфурните споеви во лукот и на антиоксидансите флавоноиди во кромидот. Со оглед на резултатите, Галеоне смета дека лукот и кромидот секако треба да бидат вклучени во исхраната, се разбира со многу друг зеленчук.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts