vesti24.mk
ЗАБАВА

ИСТОРИСКО ПРАШАЊЕ ВРЕДНО МИЛИОН ДОЛАРИ: Натпреварувачот одговори точно, но дали вие го знаете одговорот? (ВИДЕО)

ECA

Ова беше трет пат во минатата година натпреварувач во „Милионер“ да одговори на последното, најтешко прашање и со тоа да стане милионер. И повторно – прашањето беше од областа на историјата!

Сепак, овој пат се работеше за посебна епизода во која славните се натпреваруваа, а парите одеа во добротворни цели.

Готвачот и основач на ресторанот „Момофуку“, Дејвид Ченг, со тоа стана првата позната личност што ја освои главната награда и „стана милионер“.

Парите беа донирани во добротворна организација која им помага на работниците во рестораните погодени од пандемијата на коронавирусот.

Сепак, на ова претходеа напнати моменти за време на кои водителот Џими Кимел го прочита прашањето:

„Иако претседателот и неговата сопруга никогаш не го допреа прекинувачот за светло од страв да не ги убие, кој американски претседател беше првиот што имаше електрична енергија во Белата куќа“?

Ченг имаше освоено половина милион долари и ако одговореше погрешно, ќе паднеше на 32.000.

Иако не го знаеше одговорот, тој одлучи да продолжи понатаму и го повика својот пријател – новинарката Мина Кајмс. Таа не беше сигурна, но сепак даде одговор.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts