vesti24.mk
ВЕСТИ

Исто ветување и во овој мандат: Манчевски откако не исполни, сега ветува дека вработените кои не оделе на работа ќе мора да тргнат

ECA

Неисполнетите ветувања на оваа власт од минатиот мандат се повторуваат во овој.

Бледа копија беше денешното старо ветување на министерот во заминување Дамјан Манчевски.

Имено тој како и во претходниот мандат и во овој ветува дека СДСМ вработените кои не оделе на работа ќе мора да тргнат или договорите ќе им бидат прекинати.

Административците кои се уште седат дома и земаат плата или ќе почнат да работат или ќе им бидат прекинати договорите. Министерот Манчевски во заминување најавува дека новата Влада ќе го реши овој долгогодишен проблем за неколку месеци.

„Согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати“, појасни Манчевски.

Според предлогот за состав на новата Влада негов наследник треба да биде Јетон Шаќири, кој е кадар на ДУИ, а министерството за политички систем кое е и најнадлежно за проблемот, на местото на Садула Дураку треба да го води Артан Груби исто од ДУИ.

Но, дали тие ќе успеат да им најдат работни позиции на овие околу 1.000 лица, со што конечно би се затворило ова прашање.

Во програмата на Владата стои дека во првите шест месеци на работа ќе тргнат сите вработени по рамковен.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts