vesti24.mk
ВЕСТИ

И Алијанса за Албанците му го сврте грбот на Џафери

ECA

Алијанса за Албанците од собраниската говорница денеска порача рече дека нема да присуствуваат во изборот на Талат Џафери за претсeдеател на Собранието затоа што не сакаат да учествуваат во изборот на функционер „со вреќа на украдени гласови од страна на ДУИ“.

По ова реагираше пратеникот Изет Меџити од ДУИ кој во својата реплика истакна дека се неосновани обвинувањата на Алијанса за Абанците за спроведените избори после кои немаше ниту еден доказ за какво било фалсификување на волјата на граѓаните.

Претходно и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема да го поддржи предлогот за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Пратеникот Никола Мицевски образложи дека Џафери и во изминатиот мандат не ја вршел добро функцијата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts