vesti24.mk
ВЕСТИ

И најтврдокорните поддржувачи на Заев го критикуваат зошто ја остави земјата без вакцини

ECA

Петар Арсовски, кој важи за еден од гласноговорниците и поддржувачи на власта смета дека Владата направи многу грешки во справувањето со пандемијата на корона вирусот, како на пример недоволните рестриктивни мерки кои прерано се укинуваа за да им се угоди на одредени економски гранки, како на пример угостителите.

Тој во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Калн истакна дека како и во сите други области во кои Македонија не се справува добро како на пример борбата против корупцијата, екологијата, справувањето со еконмската криза, на исто ниво за справување е и со пандемијта.

Арсовски исто така испрати критики до Владата која не успеа да обезбеди вакцини против Ковид-19, додавајќи дека Владата и минитрите требаше да одат од производител до производител и по секоја цена да обезбедат вакцини, а не да седат во Македонија и да се надеваат дека вакцини ќе добијат преку солидарниот систем.

– Многу очекувавме и многу се услонивме на системот на солидарност на меѓународната испорака на вакцина. Ние требаше, специјален закон кој ќе ги прескокнеше административните процедури за увоз на вакцини, да донесеме во октомври. Требаше да ги баталиме овие очекувања од Ковакс, солидарните системи и требаше Владата и министрите да го запалат авионот и да одат од производител до производител и да се обидат да обезбедат вакцини по било која цена, рече Арсовски.

Тој посочи дека Владата требаше да предвиди дека на светско ниво ќе биде борва за вакцина и дека солидарноста, како што кажа, ќе отиде по ѓаволите и де ка требаше да се занимава со реална политика. Требаше да сме свени дека единсвениот механизам по кој нарачавме вакцини нема да профункционира на време, додаде Арсовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts