vesti24.mk
ВЕСТИ

И учениците од четврто одделение се враќаат во школските клупи- ова се одлуките на Владата по средбата со родителите

ECA

Про и контра он лајн настава, а кои се аргументите на тие родители што сметаат дека наставата со физичко присуство е подобра – на одделни средби родителите разговараа во Владата со премиерот Оливер Спасовски и други наделжни министри.

Од Владата соопштуваат дека задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.

„Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, стои во соопштението од Владата.

Овој комбиниран модел, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

На средбите претставниците на двете групи родители ги соопштиле своите ставови и аргументи, а владините претставници ги запознале со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

На средбата присуствуваа заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts