vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Како да му забраните на Гугл да ве следи?

ECA

Како што веќе научивме многу добро, ништо на интернет не е бесплатно. Сè што не плаќаме со пари, веројатно ќе платиме со некои информации што се вредни поради рекламирањето.

Не можеме да се заштитиме од сè, но можеме да сториме сè што е во наша моќ.

Следењето на локацијата е многу корисна карактеристика на мобилните телефони – особено кога сакаме да најдеме блиски ресторани или бензински пумпи. Сепак, тука е прашањето за приватноста.

Дали сакате Google да ги следи вашите чекори? Еве како можете да го спречите тоа на оперативниот систем Андроид.

Веројатно знаете дека Google може да ја следи вашата локација и навигација преку Google Maps. Вашиот телефон со Android прави слична работа со помош на некои други програми.

Ако навистина сакате да ја исклучите локацијата, се разбира, тоа е можно. Сепак, тоа може да ја намали функционалноста на некои услуги како што се предвидување на времето или навигација, пренесува tPortal.

Користете пребарувач

Одете на https://myactivity.google.com/ и изберете „Activity Controls“, од лева страна. Пронајдете ја саканата функција и исклучете ја.

Активностите што би ја откриле вашата локација вклучуваат „Web and App Activity” и „Location History“. Можете исто така да го исклучите „Include audio recordings“, што испраќа гласовни записи додека користите апликации и се наоѓа под „Web & App Activity“.

Погледнете ги „Device Information“ (информации за контакти, календари и така натаму) и „Ad Personalization“ (што ги персонализира рекламите според она што го правите во апликациите).

извор:курир.мк

Loading...

Related posts