vesti24.mk
ЗАБАВА

Како да не беше доволно што делат исто момче, овие близначки сега имаат уште почудна желба

ECA

Сестрите Ана и Луси Десинк некогаш беа прогласени за „најидентични близначки“ на светот. Тие, како познати ТВ лица, во новото интервју за една австралиска телевизија, открија дека сакаат да забременат истовремено и тоа од истото, заедничко момче.

Како да не беше доволно што делат исто момче, овие близначки сега имаат уште почудна желба- тој да биде татко на децата на двете.

Имено, иако претходно имале посебни врски, сега веќе девет години се во врска со исто момче.

Тој се вика Бен и „ги прифаќа такви какви што се“, како што вели Ана.

-Ако Бен ја бакне едната, веднаш ќе ја бакне и другата. А, секогаш нѐ разликува, дури и преку телефон, додаде Луси.

Во однос на тоа дека имаат намера да забременат во исто време, Ана вели дека иако „тоа некому ќе му звучи необично“, тоа е нивниот начин на живот и  така сакаат да живеат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts