vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Како флертуваат, како освојуваат, како сакаат хороскопските знаци: Што може да очекувате од нивниот флерт, а што од бракот со нив?

ECA

Како освојуваат хороскопските знаци и како можете да ги освоите? Што може да очекувате од нивниот флерт, а што од бракот со нив? Што никогаш да не правите, за да не ги загубите…

Прочитајте што ве советуваат ѕвездите.

Овен

Освојување: За Овенот, уметноста на освојување е споредлива со танцот на птиците кога се додворуваат. Тие кружат, заведуваат и го предизвикуваат партнерот. Но, секогаш извесна количина на тензија е присутна. Ако пак, вие сакате да освоите Овен, не смеете да бидете груби.

Флерт- Класичниот Овен не ги презира флертувањата кои имаат тенденција да завршат за кратко време по фаќањето на пленот. Сепак, тој може многу време да потроши во додворување.

Начин на љубов: Лојалноста е клучниот збор за Овенот. Духовитоста е втор клучен збор. Се вели дека Овенот е верен, но ако не е, веднаш може да се каже дека тоа не е во неговиот стил. Имаат тенденција да искреираат идеализирана љубов, но и да создадат многу реална љубов. Ако Овенот ви даде ветувања, ќе ги исполни.

Што да не правите со Овенот: Не кажувајте му лаги. Не манипулирајте со чувствата. Тој тоа не може да го прости.

Бик

Освојување: Бикот освојува со внимание, има тенденција да ве навикне да ја почувствувате топлината што може да ви ја даде. Бикот сака да го освои она што не е дел од неговиот „комплет“, а потоа се стреми тоа да го направи свое, да го присвои. За да го освоите Бикот, најдобро е да имате слободен дух и здрав разум. Бикот не сака да се впушта во екстремни ситуации. Сепак, има тенденција да бара партнери што го стимулираат да ја напушти својата безбедна столица за којашто е врзан.

Флерт: Во флертувањето, Бикот не може да го бара само своето задоволство, дури и кога е само физичко, а потоа да исчезне без многу објаснување. Ако барате добра сексуална врска, Бикот е совршен.

Начин на љубов: Ако Бикот сака, навистина- сака! Ако тој одлучи да биде верен, тој е верен. Бикот секогаш има дефинирана љубовна врска. Обично е многу посесивен и се обидува да го поседува партнерот, па може да го остави без слобода или да го задушува со љубов и посесивност. Во брачниот живот тој има тенденција да се справи со сите работи на практичен начин и тоа е неговиот начин на покажување на љубов.

Што да не се прави со Бикот: Не се сомневајте во него, бидејќи тоа е нешто што не може да го поднесе. Не сака да се натпреварува со другите и не сака да влегува во спорови.

Близнаци

Освојување: Близнаците имаат тенденција да бидат несигурни, но тие се многу пријателски расположени. Приоѓаат на еден многу пријателски начин, притоа уверувајќи се дека суптилно ја перцепирале можноста за пристап. За вие да ги освоите Близнаците, подобро е да ја преземете иницијативата, а тие тоа ќе го прифатат со радост и леснотија.

Флерт: Во флертот, Близнаците не ставаат никаква заложба. Флертот не е страсен во вистинската смисла на зборот. Повеќе ја сакаат идејата за љубовта, па таква љубов бараат, дури и ако е за кратко време.

Начин на љубов:Близнаците често се погрешно разбрани. Можните екскурзии се најчесто диктирани од нивната несигурност отколку од перверзната идеја за предавство. Ако се вљубени, љубат на романтичен начин. Многу Близнаци цел живот се трудат да научат како да станат постабилни. Нивното заведување е често несериозно, односно флертуваат но без да влезат во емотивни проблеми.

Што да не се прави со Близнаците: Не наметнувајте им драстични избори, немојте да ги предизвикувате на затвореност и замолчување.

Рак

Освојување: Ракот е знак кој не сака да се бори за да го добие она што го сака, па затоа има тенденција да стане пријател, а потоа полека да го покаже својот интерес за вас, негирајќи го тоа во случај на одбивање. За да го освоите Ракот, прво мора да ја добиете неговата доверба, а тоа не е тривијална работа.

Флерт: Во флертувањето, Ракот не е баш лесен, зашто не сака да ја открие својата интимност за никого. Флертувањето често е само дел од прилагодувањето на партнерот со кој потоа сака да оствари сериозна врска.

Начин на љубов: Ракот бара стабилност и континуитет. Тој веднаш може да падне во грешка и веднаш да даде сè, пред да ја потврди вистинската намера на партнерот, кој можеби не е подготвен да возврати. Ракот ја сака љубовта и ја бара. Лесно може да влезе во разочарување ако не е сакан онака како што тој сака. Општо земено, сепак, Ракот создава удобно и нежно љубовно гнездо кога е во брак.

Што да не се прави со Ракот: Не го повредувајте, не заборава брзо и лесно.

Лав

Освојување: Лавот освојува со покажување на своите таленти, без разлика дали се тоа интелектуални или физички, има тенденција да се покаже себеси во најдобро светло и да добие восхит. За да го освоите Лавот, ви треба добра доза на пофалби, без да оставите впечаток дека тоа го правите намерно.

Флерт: Лавот ако флертува тоа го прави за да се зборува за него, или личноста да ја претвори во уште еден освоен трофеј. Ако флертува – тоа го прави на бесрамен начин, со вечер во елитен ресторан и со скапи подароци. Секако ќе ви се пожали на деталите кои не му се допаднале.

Начин на љубов: Лавот, ако одлучи да формира семејство, го прави тоа со голема страст, а потоа се стреми да стане водич на семејството. Секогаш се стреми кон верност, бидејќи е многу лојален и живее со цврсти принципи. Но, може да се впушти и во опсесивна желба да го усоврши партнерот. Лавот за неговото семејно јадро има тенденција да даде сè, нема да се поштеди, но потоа ќе побара признавање.

Што да не се прави со Лавот: Не му кажувај јасно дека згрешил. Тој/таа не може да биде втора личност во вашиот живот, туку само прва и најважна.

Девица

Освојување: Девицата освојува многу шармантно. Обично има силна интелигенција, па освојувањето е затоа брзо. Ако сакате да освоите некој од овој знак, мора да покажете дека можете да направите нешто добро и убаво. Тие се импресионирани од оние што покажуваат талент.

Флерт: Девицата обично се дистанцира од флертувањето, а нивниот флерт изгледа како јадење на масен сендвич на полноќ, пред да заспиете. Штом се разбудите, нема да ја најдете Девицата во близина.

Начин на љубов: Девицата сака да го потхранува својот ум и ќе се заљуби во оној кој се стреми кон совршенство. Љубовта на Девицата нема брзо да се „стопи“, а љубовта кон вас ќе трае дури и кога врската ќе пропадне. Девиците се најчесто верни, иако не е исклучено да влетаат во секс-врски, краткотрајни, без партнерот да ги почувствува.

Што да не се прави со Девицата – Не правете да се чувствува без цврсто тло под нозете. Ако згреши, простете му.

Вага

Освојување: Вагата сака да биде освоена со додворување кое е правилно и елегантно. Естетиката, исто така, на Вагите им е од екстремна важност, па обично сакаат личности со убав лик и силуета. За да ја освоите Вагата, мора да користите вистинска доза на ласкање и учтивост.

Флерт: Вагата сака да флертува, тоа и е речиси хоби. Кога флертува, тоа го прави за да почувствува вистинско и целосно задоволство. Флертот е за Вагите игра која ја играат со задоволство, внимавајќи да не се изгорат.

Начин на љубов: Вагата го сака семејството и има тенденција да сака да изгради семејство. Ако не влезе во брак, сепак, ќе бара стабилен придружник кој дава сигурност и чувство на заштита. На класичната Вага чувството на верност и е во глава, во смисла дека ако тие се вљубени во партнерот, врската никогаш нема да ја стават во прашање. Ако флертуваат или имаат средби со други, тоа го прават само за да го негуваат своето его.

Што да не се прави со Вагата: Со неа никако не смеете да бидете неумерени и премногу драматични. За Вагата тоа е дестабилизирање на врската.

Шкорпија

Освојување: Шкорпијата има тенденција да ве освои, а не да биде освоена. Тоа го прави со кружење околу „пленот“, за најпосле сигурно да го „погоди“. Освојувањето на Шкорпијата е неиндиферентна операција, бидејќи мора да го постигне тоа што го замислила.

Флерт: Шкорпијата може да ги избегне сите забранети. Сепак, кога флертува работите (и чувствата) ги држи под контрола.

Начин на љубов: Шармот е позната карактеристика на Шкорпијата, која зад својата црвста појавност крие нежно детенце. Познатата страст на Шкорпијата е пред сè екстремна потреба за потврда и признание од оној кој ќе стане најважна личност во нејзиниот живот. Бидејќи е многу тврдоглава и горда, има тенденција да се брани се додека не е 100-отстотно сигурна во љубовта.

Што да не се прави со Шкорпијата: Не изневерувајте ја нејзината доверба. Ќе ви се одмзади жестоко за тоа.

Стрелец

Освојување: Класичниот Стрелец ја сака авантурата и најверојатно авантуристичките пристапи ќе имаат приоритет дури и кога е во прашање новиот пртнер. Можеби љубовта ќе се случи на некое патување, или пак, уште на првите средби отворено ќе почне да ви зборува за летување со вас.

Флерт: Стрелецот може да има отворен однос кон флертот, но само ако е незадоволен од партнерот кој го има крај себе. Во флертот секогаш гледа пријатна разиграност која го оддалечува од монотонијата. Предност дава на егзотичноста во секоја смисла на зборот, па така и флертот со странци има предност.

Начини на љубов: Стрелецот е непослушен во бракот, бидејќи откажувањето од авантури за него е навистина заморно. Доколку е во брак, овие бракови успеваат само со партнери кои не ги задушуваат емоционално и кои им обезбедуваат слобода на движење и говор. Сепак, и покрај авантуристичкиот дух карактеристичен за Стрелецот тој има и дух подготвен за жртвување, особено кога е во прашање неговото семејство.

Што да не се прави со Стрелецот: Кажете му што треба да прави – и тој ќе избега.

Јарец

Освојување: Класичниот Јарец може да го посакува предметот на неговата желба по секоја цена и да започне долги и исцрпувачки додворувања. За да го освоите Јарецот, јасно покажете му го објектот на вашата желба и ќе го освоите, зашто многу му се допаѓа вашиот вкус што сте го одбрале токму него.

Флерт: Флертот за Јарецот не оди лесно, бидејќи има тенденција да сака да ја управува ситуацијата, а флертувањето не дава простор за контрола. Сепак, може добро да ја прифати ситуацијата на љубовници со строго поставени граници, парвила и забрани.

Начин на љубов: Класичниот Јарец има тенденција да сака да се справи со сето она што го загрижува, вклучувајќи ја и врската. Често во врската е партнер кој ја презима контролата и ви кажува што треба да правите. Од друга страна, кога е во прашање брак, тој ќе биде исклучително сигурен партнер кој ќе се вклучи во се што е поврзано со домашната атмосфера и ќе ги реши сите проблеми поврзни со домот. За материјалните прашања со него не се секирајте, тој е главата на фамилијата и се грижи за финансиите за целото семејство. Посебно е слаб на партнери со филозофски дух, кои му даваат ментален бегство, тоа што тој го нема.

Што да не се прави со Јарецот: Не ставајте го во несигурни ситуации.

Водолија

Освојување: Водолијата има тенденција случајно да се „сопнува“ во приказните, да биде премногу зафатена со своите работи па да се најде „фатена“ во приказната која веќе и се случува. Бидејќи е премногу расеана за да сфати дека веќе наголемо се вплеткала во љубовна врска. Освојувањето пак, на родените во знакот на Водолија е прашање на концентрација. Мора да знаете што треба да направите за таа да се чувствува добро.

Флерт: Водолијата е „аморална“ по природа (во смисла дека нема судија во умот). Ги сака авантурите, особено ако и донесат нови искуства. Затоа може да се впушти во оргистични или хомосексуални искуства. Летото пак, за неа, секогаш асоцира на флерт, кој секогаш е добредојден.

Начин на љубов: Водолија која се вљубува, тоа го прави со сериозност која не може да се спореди со сериозноста на ниеден друг знак. Таа ќе остане верна на своите ветувања и ќе заборави на убавините што можат да ги понудат новите средби. Но природно расејани, не им замерувајте дека ви го заборавиле роденденот или дека не обрнале внимание на нешто што за вас е многу важно. Сепак, таа ќе биде многу присутна за да ги реши вашите проблеми доколку јасно го побарате тоа од неа. Не гушете ја нејзината желба да се забавува дури и во домот, викајќи пријатели и организирајќи журки.

Што да не се прави со Водолијата: Не и ја забранувајте слободата. Водолијата е трпелива, но ако нешто ја доведе до огорченост, таа ќе исчезне без да се врати.

Риби

Освојување: Освојувањето за Рибата е повеќе психолошка и еротска игра. Рибата е освоена од приказни, слики, фотографии и музика. Ако сакате да ја освоите поканете ја на романтична вечера или побарајте да танцувате со неа.

Флерт: Флертувањето за Рибите е бајка. Тие го го обожуваат флертот затоа што во него принцот останува принц, а принцезата не паѓа во секојдневни баналности.

Начин на љубов: Рибите кои сакаат, го ставаат партнерот пред себеси и се ќе направат за него. Но, честопати, поради нивните брзи вљубувања, се соочуваат со разочарување, а потоа можат да имаат и чувство на вина што го напуштиле партнерот. Тешки се да ја држат емоцијата под контрола, а често прават и љубовни бегства. За да ги задржите мора да бидат сакани на интересен начин. Во домот, знаат да прават драматични ситуации само за да го привлечат вниманието. Инаку се нежни сопружници и особено грижливи кон членовите на семејството.

Што да не се прави со Рибите: Не си играјте со нејзините чувства. Дури и тогаш кога имате впечаток дека Рибата е цврсто во вашите раце, може да ви избега преплашена од вас, дури трепнете.

извор: slobodenpecat.mk

извор:курир.мк

Loading...

Related posts