vesti24.mk
ВЕСТИ

Караџовски го прекршил законот и потпишал измени на протоколот за работа во Собранието во време на пандемија

ECA

Претседателот на Собранието Талат Џафери во денешното “Само интервју” на Канал 5 телевизија кажа дека не се плаши од кривичните пријави што ги доби откако одржа седница со два пратеника позитивни на Ковид-19. Бидејќи тој пратил барање до Државната здравствена комисија за измени на протоколот во Собранието и добил одговор на постоечки протокол за одржување на седници со потпис на д-р Жарко Караџовски.

-Поради пандемијата ја отворив темата за алтернативно работење на Собранието. Затоа сакав да воведам онлајн работење на пратениците, но опозицијата го одби тоа. И тогаш на 17-ти ноември мината година поднесов барање за измена и дополнување на протоколот за работа на Собранието. На 18-ти ноември од Државната здравствена комисија добив акт со кој се одобрува под кои услови и под која процедура ќе се работи во Собранието. А тоа е во посебни простории и со посебно нивно движење низ Парламентот. И таму пишува дека доколку заразениот пратеник сака да присуствува на седница Собранието е должно да му овозможи услови зацртани во тој протокол, рече Џафери.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts