vesti24.mk
ВЕСТИ

Категории кои може да се движат за време на полициски час

ECA

По донесувањето на одлуката за полициски час, од 21:00 до 06:00 часот, исклучоците од мерката ги наведе техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Како што кажа тој, од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа (во придружба од најмногу две лица).

Оправданоста на излегувањето од дома ќе се проверува преку увид во медицинската документација од извршениот лекарски преглед.

Медицинските установи до полицијата ќе достават список на вработени кои ќе имаат потреба да бидат на терен надвор од лимитираниот термин.

Дежурства со ограничен број на возила ќе треба да воведат такси компаниите, а ќе имаат право да превезуваат патници само до амбуланта или аптека.

Истовремено, аптеките ќе треба да достават листа со дежурни единици.

Исклучок од мерките се припадниците на полицијата, армијата, противпожарните служби, како и вработени во Комуналната хигиена кои се на смена на работа.

Вработени во ЕВН, Водовод и канализација и топлификација, ќе може да се движат надвор од критичниот термин само со претходна најава на бројот – 192.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts