vesti24.mk
ЗАБАВА

Келнерка намести бакшиш добила лото ливче: Кога видела колкава е добивката се шокирала

ECA

Кога среќата е на твоја страна, ништо не може да се испречи. Келнерка од американската сојузна држава Мисури, наместо бакшиш добила ливче од „Пауербол“ лотаријата, па добила 50.000 долари. Ова е доказ дека навистина постојат луѓе кои ја привлекуваат сопствената среќа.

Тејлор Раси од О’Фалон раскажува дека лозот го добила од редовен гостин во кафулето каде што таа работи. Тој често им подарувал лоз кога нема ситно за бакшиш, па баш овој лоз испаднал да биде добитен.

-Тоа е симпатично од негова страна, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“.

Среќната добитничка од своите надредени ја дознала веста дека добитниот лоз е уплатен во околината, но не се ни посомневала дека токму нејзиниот е тој вистинскиот.

-Парите не се воопшто мали, но нема да ја напуштам работата поради ова, оти не ми доволно за до крајот на животот. Сѐ уште морам да работам, истакна О’Фалон.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts