vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Кинески компании на врвот: Санкциите не им можат ништо, сè повеќе се свртуваат кон електронски возила

ECA

Како што беше напишано на почетокот на март, кинескиот гигант Хуавеи може сериозно да зачекори на пазарот на електрични автомобили. Оваа компанија нема намера да остане само во сегашниот опсег, а слични планови имаат и производител на паметни телефони од иста земја – Xiaomi.

Имено, тие најавија инвестиција вредна дури 10 милијарди долари. Тие планираат да инвестираат толку многу во секторот на електрични возила во следните десет години. Компанијата првично ќе инвестира околу 1,52 милијарди долари во гранката во која ќе биде единствен сопственик, а истиот човек – Леи Јун – ќе биде извршен директор на новата дивизија.

Оваа тема е генерално популарна низ целиот свет, а побарувачката за електрични возила постојано расте. Кинеските компании се особено заинтересирани за нивно производство. Во јануари, сличен потег направи и софтверскиот гигант Баиду, кој најави дека ќе го развива бизнисот во тој сегмент преку партнерство со Geely Automobile Holdings.

Продажбата на нови електронски возила се очекува да достигне 50% од вкупната продажба на нови возила во Кина до 2035 година, а исто така ве потсетуваме дека XPeng и Li Auto излегоа во јавноста минатата година во САД. Очигледно, Тесла доби жестока конкуренција. Фолксваген и БМВ исто така имаат слични планови.

Сепак, се чини дека Кинезите засега доминираат, особено ако се земе предвид дека тие нудат сегашни модели по подостапни цени. Згора на тоа, Кина се опорави доста добро од последиците на кризата. Хуавеи, меѓу другото, соопшти дека минатата година ја зголеми продажбата и профитот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts