vesti24.mk
ВЕСТИ

Ковачев: Македонија е единствена која е во НАТО, а се стреми кон ЕУ, а се држи до носителот на комунистичката диктатура, Тито и Колишевски

ECA

Во Договорот стои дека заедничката Комисија треба да работи врз основа на факти, а не врз мислење и тука да се зема во предвид комунистичката идеологија. Наука е тоа што е запишано во документи, архиви, вели европратеникот Андреј Ковачев од редовите на Европската народна партија кој гостуваше на две национални телевизии Сител и Телма.
Говорејќи за Меморандумот на Бугарија, Ковачев вели дека Бугарија не сака да земе ништо од македонија, туку да ја види заедно во европското семејство.

-Нашиот апел и молба е да се надмине омразата, а ние ќе и помагаме на Македонија. Од 2017 до сега Комисијата требаше да има напредок, има онлајн можности да се работи. И не станува збор за вето туку кога ќе биде датумот за преговори дали ќе биде сега, за три месеци, дали за шест месеци тоа зависи и од работата на заедничката Комисија. Договор за добрососедство и треба да има напредок на Комисијата се услови за поддршката за македонија која е голема. Се надевам Договорот кој го потпиша Заев со Борисов ќе се реализира според договореното, а историјата мора да биде исчеста за да можеме да си соработуваме, рече Ковачев.

Тој заклучува дека држењето на Македонија до системот на диктатура на Тито и Колишевски забележувајчи што не работи заедничката Комисија.

– Без да го расчистиме минатото не може да гледаме кон иднината, посочува Ковачев.
Ковачев на гостувањето на телевија Телма заокружуа „ние имаме општа, а не споделена историја, и општи предци, а не споделени“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts