vesti24.mk
ВЕСТИ

Ковачки за Шекеринска и Пендаровски: Тоа се политички метузалеми, се уште мислат дека живееме во времето на „општонародна одбрана“

ECA

Полковникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ упати жестоки критики на адреса на претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерката за одрбана Радмила Шекеринска кои пак го критикуваа неговиот политички ангажман.

Според него Пендаровски и Шекеринска се политички „метузалеми“ кои целиот свој професионален ангажман го поминале на преминувајќи од една на друга политички доделена државна функција и немаат основно познавање од областа на демократијата и Уставот.

Ковачки неколку пати потенцираше дека станува збор за луѓе кои што се уште живеат во времето на „општонародната одбрана“ и едноумието на поранешна Југославија.

-Од двете институции беа упатени критики за мојот политички ангажман во политичка партија и мојата припадноста таму, тоа говори за тие институции. Факт е дека советниците на тие институции не си ја завршиле работата. Уставот јасно прецизира, граѓаните пред законите се еднакви, тоа е дефинирано во член 2. Темелните вредности на Уставот каде што се предвидени човековите слободи и права за сите важат. Нема разграничувања, Уставот не прави дискриминација, дискриминацијата е забранета. Значи за сите е дозволено да имаат политички ставови мислења, јавните настапи исто така се гарантирани, тоа се уставни категории. Тоа се темелни вредности на Уставот, секој кој што ќе се обиде да ги ограничи со Закон мислам дека ќе го прекрши Уставот. И обидот за носење на закон итн. ќе биде противуставно, вели Ковачки.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts