vesti24.mk
ЗАБАВА

Кога е вистинското време да направите промена на вашето работно место?

ECA

Овие пет причини може да бидат показател дека можеби треба да ја промените работата.

1. Кариерата не ви е повеќе предизвик

Ако немате нови предизвици со кои би можеле да се соочите, нема да се промените. Ако не се промените, нема да се подобрите како човечко суштество. Ние како човечки суштества мора да се развиваме за да растеме и станеме подобри верзии од самите себе. Ако чувствувате дека сте ментално отсутни можеби е време да отстапите и направите промена во животот.

2. Со години сонувате да работите нешто друго

Дали ги минувате паузите за ручек сонувајќи за тоа како работите нешто целосно поразлично? Што е тоа? Ако сте имале желба која претходно сте ја отфрлиле како идеја можеби е време да ја претворите во реалност. Не го потценувајте тоа што порано сте го сакале.

3. Лошо влијае на вашето здравје

Ако работната средина лошо влијае по вашето здравје, ако работите во токсична работна средина и се чувствувате безволно, вашето тело ви кажува дека е време да ја промените работата. Вашата идеална работа треба да ве полни со енергија, а не да ве исцрпува.

4. Вашите вредности и приоритети се променети

Можеби кога сте ја започнале кариерата сте биле без никакви грижи во светот. Во брак со деца по дома, работното време од осум часа не е баш привлечно. Поголемата слобода и флексибилноста се поголем приоритет сега. Ускладувањето меѓу вашата кариера и темелните вредности создава задоволство, чувство на среќа и исполнетост. Ако вашите вредности и кариерата не се ускладуваат, промена во кариерата може да биде токму тоа што ви треба.

5. Немате повеќе страст кон тоа што го работите

Заработувањето и работата не мора да бидат исклучени едно од друго. Луѓето автоматски претпоставуваат дека ако уживаат во работата, помалку ќе заработат. Тоа е погрешно. Ако сте навистина во оваа работа, тоа веројатно значи дека тоа што го правите има смисла.

Истражувањата покажуваат дека луѓето гледаат смисла во работата имаат и подобар ангажман, тие побрзо ги решаваат препреките и веројатно е дека ќе учат од сопствените грешки, а не да ги сметаат за неуспех. Луѓето ќе напредуваат ако нивната работа има јасна цел и смисла, пишува Forbes.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts