vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Колкава е официјалната бројка на починати лица од коронавирус во Македонија?

ECA

Според официјалните податоци на Министерството за здравство, како последица од коронавирусот од почетокот на пандемијата во Македонија животот го загубиле вкупно 4.855 лица.

Како што објавија од МЗ, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

Во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 166, Куманово – 27, Битола – 19, Струмица – 17, Прилеп и Велес – по 15, Кавадарци – 12, Тетово -11, Кичево -10, Охрид, Свети Николе и Виница – по 9, Штип – 8, Ресен – 6, Гостивар – 5, Струга – 4, Кочани, Берово и Македонска Каменица – по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар – по 2, Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје ( 50г, 54г, 57г , 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г,64г, 66г,70г, 71г,76г,76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови. Пријавени се 10 пациенти кои се починати во период од 15-25.04.2021.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts