vesti24.mk
ВЕСТИ

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Заев се надминува самиот себе, најави драстично намалување на платите во целиот јавен сектор

ECA

Заев денес се надмина самиот себе! Во услови на неспособност да се справи со економските предизвици поради епидемијата од корона вирусот, најави драстично намалување на платите во целиот јавен сектор на ниво од 14.500 денари, оценуваат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само да укажеме дека тоа ќе има дополнителни негативни последици врз и така ранливиот стандард на граѓаните, но и негативни последици врз економијата имајќи го во предвид фактот дека тоа ќе предизвика намалување на домашната потрошувачка и дополнителни проблеми за домашните компании и вработените во нив. Нема ниту една земја во светот што најави вакво драстично кратење на платите во економијата што укажува дека Заев и неговата Влада е најнеспособната во светот. Да потцетиме дека дури и во најголемата светска економска и финансиска криза кога поради крах на светската економија како земја бевме соочени со економска рецесија, немаше кратење на платите во јавниот сектор, ниту намалување на стандардот на граѓаните, велат тие.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts