vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Компјутери немаат децата, а ниту наставниците – Ќе се обезбедат ли конечно услови за работа?

ECA

Иако министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека министерството и Владата ќе обезбедат ефикасен образовен процес, сепак тоа не се покажа така во првите денови од почетокот на учебната година. Според проценките на министерството над 40.000 децата немаат пристап до електронски уред за следење на настава, а Владата нема толку пари за да обезбеди толку уреди за секое дете. Но, покрај учениците, доволно компјутери немаат ниту наставниците.

-Наставничка сум на ученици од четврто одделение кои наставата ја следат во домашни услови преку компјутер. За да им го предадам материјалот морам и јас да имам компјутер кој ќе ја поддржува платформата. Но, јас немам соодветен компјутер за да можам да се приклучам на платформата и да го предадам наставниот материјал. Од училиштето во кое предавам не даваат никаков одговор за тоа како ќе ја реализирам наставата, изјави наставничка од основно училиште.

Имено според Законот за работни односи работодавецот е должен да обезбеди средства за работа.

Во врска со овој проблем вчера реагираше и независниот синдикат за образование и наука (НСОН) каде соопшти дека до нив секојдневно пристигнуваат поплаки од страна на наставниците дека им се вршат притисоци од страна на нивните директори да си обезбедат компјутери за да ја реализираат наставата.

-До нашиот синдикат деновиве стигнуваат бројни поплаки од наставници за притисоци што им се вршат од страна на нивните надредени, директори на училиштата, да си обезбедат компјутери за да реализираат настава. Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот, наведува НСОН во соопштението.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts