vesti24.mk
ВЕСТИ

Костовски: Владата на СДСМ наместо за подобар живот на граѓаните, работи на уништување на националните интереси

ECA

Кога ќе бидете присутен во Собранието гледате дека тоа е климава влада, евидентен е стравот, во таа коалиција нешто не штима тоа е видливо, закажуваат седница, а немаат кворум. Не може да се почне со работа, а опозицијата не сака да им прави кворум, рече пратеникот Дарко Костовски на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Ние не им правиме кворум и кога гледаме дека нив ги нема ние ја напуштаме салата и не само ние цела опозиција“, рече Костовски.

Во контекст на забраната за употребата на Македонија и АСНОМ, Костовски кажа дека жално е што му се прави ова на македонскиот народ.

„Жално е на еден народ да му уништувате суштината. Вакво оспорување на историја нема никаде. Владата на СДСМ наместо за подобар живот тие се занимаваат со уништување на македоснкиот импулс, а со тоа им штетат на националните интереси“, посочи Костовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts