vesti24.mk
ВЕСТИ

Костовски: Во државата владее репресија, ваков тоталитарен режим не може да го среди правосудниот систем

ECA

Да верувате дека ова криминална власт ќе се справи со правосудниот систем е исто како на овие години да веруваме во Дедо мраз. Тие не направија ништо ни кога имаа две третини во Собранието, сега со ова климаво мнозинство гледаме месец ипол не можат да се договорат за комисиите, па нема ништо да направат, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски во емисијата „Патот кон…“ на Алсат М телевизија.

– Тие говорат како од вчера да тргнуваа да бидат власт, тие беа претходно три години на власт и ништо не покажаа. Заев беше лично претседател на комисијата за реформи во правосудството а само што стана претседател и седници прекинаа да имаат. Повторно слушаме ЌЕ, како да не еба на власт три години, истакна Костовски.

Тој вели дека оваа власт се повеќе наликува на авторитарен режим кој веќе преминува во тоталитарен.
– Оваа власт наликува на авторитарен режим. Владее репресија во изминативе три години, поткуп, а на овие избори се случи и притисок во државната администрација, и не може тој авторитарен режим да се справи со правниот систем. Сега тие преминуваат во тоталитарен режим кој од авторитарен се разликува со пропаганда. Од немоќ тргнаа со пропаганда и спектакуларно туркаа една дивоградба за која два месеци не можеа да најдат сопственик. Тоа е знак на голема слабост потенцираше Костовски.

Тој потсети дека неодамна СДСМ велеа дека токму ДУИ криминалниот канцер во оваа држава, а сега велат дека со нив ќе го оправаат правосудниот систем.

– Се договорија ли со ДУИ како ќе ги спроведат реформите во правниот систем? Тоа е смешно и народот тоа го гледа. Доколку во оваа држава има правен систем прв зад решетки треба да биде Зоран Заев, затоа што за него има докази. Во правосудниот систем немаат ниту еден систем истерано до крај, а од се прават циркус, нагласи Косовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts