vesti24.mk
ВЕСТИ

Костов: Се што кажуваат Заев и Филипче за вакцините против корона е ветар во магла

ECA

Кога ќе стигнат вакцините, имаме ли ние дата кога стигнуваат. Во моментов ценам дека информациите кои ни ги пуштат во врска со вакцините се ветар во магла. Колку постиви на социјалните мрежи напиша Заев и избриша. Се што кажува е една голема лага, вели аналитичарот Сотир Костов во емисијата Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс коментирајќи за последната вест од премиерот Зоран Заев дека Србија ќе испрати осум илјади вакцини.

-И Филипче му е другар на Заев затоа тоа се само лаги тоа се гола бода информации. И двајцата само лажат, констатира Костов.

Србија, според него, ја спасува Македонија, ЕУ гледа, а не ни помага.

-ЕУ е посматрач во ситуацијата, а нели тие од ЕУ, нели Меркел ќе ни помогнеше за ЕУ, нели ќе ни помогнеа државите од Вишеградската група, ама јасно е не можат да ни помогнат. Во срцето на ЕУ во Берлин повампирува национализмот, знаеме каде води тоа, а се јави прво во Софија и кај Каракачнов, рече Костов.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts