vesti24.mk
ЗАБАВА

Крофни од тиква

ECA

СOСТОЈКИ:
– 3/4 чаша пире од варена тиква
– 1 чаша брашно (или 1/2 обично и 1/2 интегрално)
– 1/2 лажичка печиво
– 1/4 лажичка сол
– 1 лажичка цимет
– 1/2 чаша кафеав шеќер
– 1 јајце
– 1/4 чаша масло

ПОДГОТОВКА
Во сад измешајте ги брашното, печивото, солта и циметот. Во друг сад измешајте ги кафеавиот шеќер, јајцето, маслото и пирето од тиква додека добиете хомогена смеса. Додајте ги сувите состојки во пирето и мешајте додека се соединат состојките. Калапот за печење, или мали куглови, премачкајте ги со малку масло. Во секој од нив со лажица ставајте од смесата, додека се наполнат две третини од калапчето. Ставете да се печат во рерна на 200 степени околу 10 минути. Извадете ги од садот да се изладат. Одозгора премачкајте ги со топено чоколадо, чоколадни трошки или посипете со прав шеќер.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts