vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Лавовите знаат дека им следи остварување на нивните соништа: Ова се сите карактеристики на Лавот

ECA

Лавот очекува внимание, смета дека заслужува да биде центар на вниманието, да доминира и да добива кралски третман. Поради тоа за некои е симпатичен, но други го сметаат за вообразен. Кои се карактеристиките на овој хороскопски знак?

Некои би рекле дека Лавот е мрзелив, но тоа не е точно. Тој само не сака да ја троши енергијата на неважни нешта. Лавовите се вредни кога знаат дека им следи слава и остварување на нивните соништа. Тие знаат и да се забавуваат, но кога одмораат, тоа го прават со стил. Кај нив важи правилото – или се работи или се ужива, нема нешто измеѓу. Овој хороскопски знак обожува адреналин и забава, па поради тоа им е многу забавен на другите. Некои би рекле дека Лавовите се луди за забава бидејќи не пропуштаат ниту една добра журка.

Лавот го сака животот и луѓето. Тој се држи до правилото: сакај го животот и тој ќе те сака тебе, но сакај ги и луѓето за да те сакаат. Но, зошто на овој знак му е важно другите да го сакаат? За да биде “крал на џунглата” мора да има свои поданици кои ќе го сакаат и ќе му се восхитуваат.

Многумина го сметаат Лавот за вообразен и недостижен. Неговото срце е тешко да се освои и тој е многу пребирлив, но оној кој ќе успее во тоа го чекаат многу романтични денови. Лавовите сакаат да флертуваат, да заведуваат, но не сакаат да освојуваат. Ќе се трудат за една личност само ако сметаат дека таа е достојна за нивното внимание.

Лавовите се секогаш заштитнички настроени кон оние кои ги сакаат. Тие не секогаш знаат да ја покажат љубовта, но сакаат со целото свое срце. Шармот е картата на која игра овој хороскопски знак. Доколку нешто згреши, ќе се обиде со својот шарм да ги натера другите да заборават.

Оние кои не ги познаваат добро мислат дека Лавовите се чудни личности, но кога малку ќе ги запознаат ќе сфатат зошто тие очекуваат сите да ги сакаат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts