vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Лавот со финансиска добивка, Бикот шири нервоза, дневен хороскоп

ECA

ОВЕН

Работа: Денот го минувате опкружени со пријателите, и не мислите премногу за работа.

Љубов: Можно е доаѓање на личноста која ви значи, а далеку е од вас.

Здравје: Исцрпени сте.

БИК

Работа: Денеска очекувајте доста непланирани обврски, што ќе ви создадат и голема тензија.

Љубов: Нервозни сте и тоа го пренесувате на партнерот, па се можни и мали караници.

Здравје: Анксиозност.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денеска ќе имате чувство како никој ништо да не работи, освен вие, и мора да се потпрете на себе.

Љубов: Емоциите ви се измешани. Не сте сигурни што сакате во овој момент.

Здравје: Во ред е здравјето.

РАК

Работа: Денеска сте се решиле да се посветите повеќе на себе. Но ќе има и обврски кои не можат да чекаат.

Љубов: Можно е да влезете во врска која е заснована на неизвесност.

Здравје: Проблеми со кичмата.

ЛАВ

Работа: Денеска може да дојде до неочекувана финансиска добивка, па малку ќе бидете позитивно изненадени.

Љубов: Мали несогласувања со партнерот може да донесат до големи расправии.

Здравје: Минлива аритмија е можна. Движете се повеќе.

ДЕВИЦА

Работа: Премногу очекувате од своите колеги, мора да разберете дека не се сите посветени на работата како вие.

Љубов: Можно е да влезете во интересна комуникација со личноста која ја запознавате преку друштвените мрежи.

Здравје: Ви треба повеќе сон.

ВАГА

Работа: Денеска на работа очекувајте повеќе стрес затоа што сте превземале работи кои не може да стигнете да ги завршите брзо.

Љубов: Не ви е поволен ден на полето љубов, затоа што сте оптоварени од работни обврски.

Здравје: Пад на имунитетот и наклонетост кон настинка.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска немате доверба во никого што се однесува до работата. Слободно прифатете помош од постарите колеги.

Љубов: Личноста која ја сметате за близок пријател, емотивно е заинтересирана за вас.

Здравје: Стомакот е чувствителен.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денеска ви е потребно да се опуштите и добро да ги проучите плановите за во иднина.

Љубов: Може да се чувствувате како партнеро да не ви посветува доволно внимание. Разговарајте и видете што го мачи.

Здравје: Добро здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Денеска брзо и лесно ги завршувате обврските кои ги имате, па ова е вашиот поволен ден за работа.

Љубов: Го занемарувате партнерот затоа што сте лути на него.

Здравје: Главоболка.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не сте задоволни од својата финансиска ситуација и мислите дека вашата работа не се цени доволно.

Љубов: Имате голема поддршка од саканата личност што денеска посебно ќе ви годи.

Здравје: Проблеми со коските.

РИБИ

Работа: Не е поволен ден за нови работни предизвици. Подобро одморете се за периодот кој ќе биде тежок.

Љубов: Потребна ви е промена, па може незабележливо да влезете во тајна афера.

Здравје: Добро здравје.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts