vesti24.mk
ВЕСТИ

Ленче Ристовска и Обвинителството криеле извештаи од Израел

ECA

Станува се појасно зошто пред повеќе од три години обвинителката Ленче Ристовска од тогашното СЈО од судот барала практично исклучување на јавноста односно новинарите да не објавуваат детали од судењето за случајот “Таргет – Тврдина”.

Продолжението на судењето за овој случај во кој се гони и екс шефот на УБК Сашо Мијалков открива скандалозни информации според кои Јавното Обвинителатво повеќе од три години криело оперативен извештај од израелските експерти за откривање и лоцирање на техника за следење и прислушување.

Според најновите информации експертите од израелската компанија „Реизон груп”
од 28.10 до 21.11. 2014 година, со точни часови и локација, идентификувале илегални активности кои се одвивале во близина на МВР, Собранието и Британската амбасада.

На сите три, од комуникациски аспект стратешки локации, Израелците утврдиле следење и пресрернување на електронските комуникации.

За овие наоди досега никој не покренал соодветна постапка согласно законот.

Според извештајот кој денеска го презентираа јавните обвинители во предметот „Таргет-Тврдина”, на 01.10.2014 било доставено барање до Израелската фирма за идентификација на незаконски системи за следење на електронски комуникации на територијата на главниот град и цела Македонија.

Потоа во текот на 60 денови од страна на израелските експерти од „Реизон” била инаталирана специјална опрема и до крајот на ноември, било вршено оперативно дигитално покривање односно скенирање на теренот.

Системот со кодно име „Ароу селл” од страна на израелските оперативци бил поставен на први октомври, а бил отстранет на 27 ноември 2014 година.

Скенирањето на етерот и електронските комуникации на зададениот терен покажал дека со помош на дигитално клонирање на базни станици на Телеком оператори биле следени поголем број на лични интернет и други дигитални комуникации од различен вид.

Притоа израелците без никаков сомнеж утврдиле дека се работи за системи за пресретнување кои не се дел од македонските Телеком оператори ниту од капацитетите на МВР и други државни служби за безбедност.

Чии биле овие илегални системи ниту е некогаш утврдено ниту пак е покрената процедура за нивна идентификација.

Со оглед на информациите дека една домашна политичка партија планирала да набави опрема за прислушување случајот влегува во фаза кога веќе нема да може да се крие, ниту да се стави под тепих прашањето зошто немало истрага за “дивите оператори” кои прислушувале.

Во извештајот се наведени 11 датуми за подрачјето на Скопје. Од 28.10 до 21.11. со времиња и локации а израелските експерти посочиле реони во близина на МВР, парламентот, Британската амбасада кои се важни затоа што таму има густа мрежа на базни станици на легалните оператори од кои се создавале клонови.

На овие локации била забележана најмалку една илегална единица за пресретнување на комуникации.

Луѓето што работеле на овој систем можеле да направат се што можат Телеком операторите, дури и да подметнуваат вируси во средства за комуникации.

Јавното обвинителство денеска посочи дека Израелците навеле незаконска активност на 28.10 во 15:40 преку базната станица 15. По 35 минути ја навеле и базната станица 666. Истата таа базна станица на 29.10. предавала и друга листа на „соседи” како што во жаргон се нарекуваат тие што биле прислушувани.

Во извештајот е наведено дека проверката односно повик – провокација на израелските експерти предизвикал прекин на илегалното следење а кога Израелците пристигнале во зоната на илегално следење системот веќе не работел поради што експерите сугерирале два други вида на заштита од нелегално пресретнување на комуникација со цел попрецизна идентификација на “клоновите”.

На извештајот на израелската компанија која е една од водечките во светот обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов на следното рочиште во обид да докажат дека прислушувале само луѓето на Мијалков во УБК ќе се потпрат на македонски експерт кој не е познат ниту за јавноста ниту пак за луѓето кои во земјава се занимаваат со ваков вид на истраги.

Извештајот на домашниот експерт е направен во 2018 година и нејасно е зошто досега Ристовска и Пеливанов го криеле како што го криеле и тој на Израелците.

Од тоа што можеше да се дознае од последните три рочишта на Таргет – Тврдина станува јасно дека освен во УБК се прислушувало и од други актери кои сега некој како да се обидува да ги скрие.

Сега веќе оваа опција, да се скријат тие што прислушувале илегално е надвор од игра особено ако се има предвид документ испратен до соодветни институции од една домашна служба за безбедност која открива голем број на информации поврзани со случајот.

Во политичка и обвинителка смисла со новите информации и тие што најверојатно се уште не се објавени ќе пропадне можноста дел од обвинетите да добијат затворска казна од околу 40 месеци по што обвинителство не би барало притвор а осудените би направиле политички потег во интерес на една политичка партија.

Обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов се на потег, од нив зависи дали ќе прифатат политички притисок и компромис со криење или игнорирање на дел од доказите или ќе ја завршат работата согласно законот за што беа избрани во СЈО а сега во ЈО.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts