vesti24.mk
ВЕСТИ

Лефков: Кога во државата имаме ковид и енергетска криза и зголемување на инфлацијата, сите капацитети на државата се ставени во функција Заев да обезбеди мнозинство

ECA

Во услови кога Македонија има сериозна ковид криза и на која и се заканува длабока економска криза и раст на инфлацијата, државните капацитети наместо да се занимаваат со нивно решавање тие се ставени во целосна функција, Зоран Заев и Али Ахмети да обезбедат мноинство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој во синоќешното гостување на телевизија Шења посочи дека дека тоа покажува дека не се грижат за граѓаните туку само за нивната позиција да останат на власт, како и за периодот на локалните избори, каде што им крахираше стратегијата.

„Целата влада на Заев беше фокусирана на локалните избори, играше ол ин. Целита владина постава со сите свои ресурси работеше на терен за да ги задржи градоначалниците кои што беа нивен предлог и за што не успеаја, крахира. Сега сите капацитети на државата се ставени во функција, Зоран Заев и Али Ахмети да обезбедат мнозинство. Во ситуација кога имате ковид, енергетска криза и кога имате инфлација, тоа е катастрофално и поразително“, истакна Лефков.

Во однос на буџетот за 2022 година, кој што веќе е предмет на анализа затоа што веќе е влезен во собраниска процедура, Лефков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија се одлучија за конструктивен пристап каде што ќе ги укажуваат пропустите, затоа што за трите закани кои и престојат на државата во него не се предвидени средства.

„Државниот буџет е на сите граѓани и затоа ние се одлучивме за еден конструктивен пристап, каде што во Собрание и по емисии ќе укажеме кои се пропустите во биџетот, ќе се обидеме да алармираме, затоа што на крајот на денот, ние како политичари покрај борбата за власт имаме една силна одговорност кон граѓаните кои што денеска мораме да бидеме сериозни и искрени, покрај големата говид криза имаме и две огромни закани кои што паднаа во сенка поради Заев и неговите гимнастики. Тоа е енергетската криза и то е растечката инфлација во државата. Тоа се три закани. Имаме ковид криза, енергетската криза и зголемената инфлација“, рече Лефков.

Тој додаде дека, ако го погледнете буџетот и ако ги погледните изјавите на министерот за финансии и самиот буџет, за во второто полугодие не се споменува ковид кризата, се мета дека таа ќе исчезне, а енергетската криза и инфлацијата не се споменуваат во буџетот.

„Замислете, тие и за енергетската криза и за инфлацијата во буџетот немаат предвидено средства. Имаме буџет за цела 2022 годна во кој се потценува и инфлацијата како многу важен и ризичен момент, државата нема анти инфлаторни мерки кои што се вградени во буџетот и нема ставки и мерки кои што се однесуваат на енергетската криза, и прти тоа на јавноста и велите дека ке ја следите состојбата. За едни такви ситуации нема следење во чекор, следење во чекор за краткорочни, краткотрајни активности кои можеби ќе се појават, можеби нема да се појават. А не во моментот кога на крајот од 2021 година повлекувате четири милијарди денари, а во Собрание да ни зборуваат дека ќе ја следат состојбата“, посочи Лефков.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts