vesti24.mk
ЗАБАВА

Лондонската уникатна улица „Сесил корт“ со мноштво книжарници и антикварници

ECA

Во Лондон има една улица, која потекнува од 17. век, и е рај за љубителите на книгата… На неа има 20-тина книжарници и антикварници каде што се продаваат уникатни литературни дела, а нејзиниот прекар е „Редот на продавачите на книги“.

Улицата „Сесил Корт“ е како скриен скапоцен камен, бидејќи се наоѓа во област во центарот на Лондон каде што владее мирна, тивка и пријатна атмосфера. Зградите се направени кон крајот на 19. век, а прошетка по улицата изгледа како поглед низ минатото на британската престолнина.

Во продавниците има широка палета на книги: од првите изданија на некое дело, ретка детска литература, мапи, накит, уметнички дела… Кај некои книжарници, и пред самата врата има кутии со книги и весници.

Покрај естетската, има и извонредна историска вредност. Осумгодишниот Моцарт останал тука една година додека патувал ширум Европа. Еден век подоцна, улицата била „жариште“ на британските филмаџии. Таа, меѓу другото, била инспирација и за „Дијагонската алеја“ во филмовите за Хари Потер.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts