vesti24.mk
ЗАБАВА

Луд костим за капење: Можеби ќе им се допадне на мажите, но жените тешко дека ќе бидат воодушевени!

ECA

Двајца млади момчиња решиле да ги надминат модните граници!

Креатори на овој необичен костим за капење наречен „Брокини“ се двајца пријатели од Торонто, кои сакале да се забавуваат на овој начин, но и да започнат бизнис. Чад Сасуке и Тејлор Филд смислиле машка верзија на бикини, и започнале да ги продаваат преку Интернет. Цената на овој костим за капење „Брокини“ е 45 долари.

– Почнавме да носиме луди и необични костуми за капење на ергенски забави. И кога го видовме трикото за борачи, помисливме дека можеме да го користиме и како костим за капење, но бидејќи сè се гледа преку него, решивме да контактираме со добавувачите и да направиме верзија што навистина може да се користи за пливање – изјавија овие пронаоѓачи за блогот До.

Сè започнало како шега, но сега овие двајца пријатели планираат сериозна деловна активност.

– Ќе започнеме со контакт со продажниот сектор. Работиме на промотивни фотографии и видеа, потоа ќе започнеме со рекламирање, и ќе им ги понудиме нашите необични и луди костими за капење на различни продавници – вели Чад.

Филозофијата зад овој модел на бикини е многу едноставна – не сфаќајте се премногу сериозно.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts