vesti24.mk
ЗАБАВА

Мажи, важно е да знаете: Кои се симптомите за рак на тестиси и како сами да си направите преглед?

ECA

Како и за сите болести, така и за ракот на тестиси, важно е рано дијагностицирање за успешно лекување на болеста.

Бројни истражувања покажале дека ракот на тестиси главно е малиген и дека стапката на преживување при рано дијагностицирање е околу 99%. Половина од случаите на рак на тестиси се забележани кај мажи на возраст од 20 до 35 години.

Најчести симптоми што укажуваат на рак на тестисите се зголемени или смалени тестиси, нивно стврднување, чувство на тежина, болка во грбот и отекување на нозете.

Ретко се јавува и „влечење“ на тестисите со силна болка, а знаци дека болеста напреднала може да бидат и плитко дишење, крв при искашлување и во ретко случаи болки во главата и коските.

Не треба да ги занемарувате болките во стомакот бидејќи може да бидат уште еден симптом и треба навреме да отидете на лекар за да ја утврди причината за тегобите.

Лекарите препорачуваат мажите да си прават самопреглед еднаш месечно, по туширање, кога кожата на скротумот е опуштена.

Нежно стиснете го секој тестис посебно и внимавајте на стврднувања или грутки со големина на зрно грашок. Ако забележите една од овие појави или каква било друга промена на тестисите, веднаш обратете се на лекар.

Не мора да значи дека секоја промена е знак за болест, но треба да стекнете навика почесто да одите на лекарски проверки.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts