vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Македонските одбојкари одат по злато: Сакаме да го освоиме првото место во Европската лига!

ECA

По три финалиња, македонските одбојкари предводени од селекторот Никола Матијашевиќ ги почнуваат подготовките за новото издание на Европската сребрена лига со амбиција на крајот да стигнат до златото.

Тренинзите ќе бидат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни средбите од првиот турнир во групата „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима.

Црвено-жолтите како домаќини се сигурни учесници на „Фајнал фор“ без оглед на резултатите во групната фаза.

-Ова ќе биде долг репрезентативен период и задоволство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Амбициите се јасни и верувам дека се остварливи, убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.

Во текот на подготвителниот период во план се и неколку пријателски натпревари, но сè уште се чека потврда на можните противници и на термините. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts