vesti24.mk
ВЕСТИ

Македонски дипломати на вакцинација во Врање преку меѓународна синдикална соработка

ECA

На 8 мај во Врање македонски дипломати ќе се вакцинираат против ковид-19, како резултат на соработка на Македонскиот дипломатски синдикат и Синдикатот на Министерство за надворешни работи на Србија, велат за МКД.мк од Македонскиот синдикат. Поддршката од колегите во Белград дојде по иницијативата на македонскиот синдикат за воспоставување синдикална соработка со струковите синдикални организации од дипломатиите во регионот.

Преку вакцинација и ревакцинација во Србија, македонските дипломати и дипломатски службеници ќе го решат проблемот со нивна имунизација, откако Министерството за надворешни работи не беше агилно здравствените власти оваа категорија на граѓани, со бројни контакти како во земјава, така и во странство, да се најдат на приоритетните листи од „критичната инфраструктура“.

Порталот МКД.мк веќе пишуваше минатиот месец дека во македонското МНР коронавирусот е длабоко навлезен и дека и покрај ротациите на вработените, речиси половината од нив или се заразиле или беа и се во изолација, што според синдикатот, се должи како на бројните контакти дома и во странство, што го налага службата, така и заради лошата организација на работата и неприменувањето на онлајн-работа таму каде што е тоа можно. Синдикатот расправаше за овој проблем на крајот од март во насока дека ако нема слух од МНР и македонските власти, помош да се побара во странство.

Поддршката македонските дипломати да се вакцинираат во Србија од страна на нивните колеги во Белград дојде како резултат на Иницијативата на Македонскиот дипломатски синдикат за воспоставување синдикална соработка со струковите синдикални организации од дипломатиите во регионот.

Иницијативата Македонскиот дипломатски синдикат ја покрена, во рамки на својата меѓународна соработка како членка на Конфедерацијата на слободни синдикати и на Меѓународната конфедерација на синдикатите со седиште во Брисел.

„Првичниот одзив е охрабрувачки и веруваме дека ќе воспоставиме силна синдикална мрежа во нашата бранша. Водени од идејата за подигање на стандардите и проширување на свеста за реализација на работните права, убедени сме дека овој нов вид соработка ќе претставува и позитивен пример што ќе придонесе за проширување на опфатот и за јакнење на свеста за неопходноста од севкупна регионална соработка”, велат од дипоматскиот сиднидакт за МКД.мк.

Полето што се отвора со ваквата соработка е широко, велат нашите извори и наведуваат, почнувајќи од размена на искуства, практики и познавања на законските рамки за решавање на професионални, економски и социјални прашања сѐ до професионални, културни и спортски средби, кога „имунолошките услови тоа ќе го дозволат”.

Од Македонскиот дипломатски синдикат нагласуваат дека од широката соработка секако ќе има полза и македонската дипломатија, како во однос на подигањето на професионалните стандарди, така и во однос на подлабоко меѓусебно запознавање и градење лични односи со колеги од други земји, со кои веќе утре можеби ќе треба да се соработува на конкретни задачи.

Дипломатскиот синдикат постои повеќе од две години и е активен во поглед на работните права, ги застапува своите членови во одбрана при дисциплински постапки и други проблеми, бара увид во исправноста на постапките за унапредувања и испраќања во странство, а реагираше минатата година за сопирање на предлог законот за надворешни работи, по што се вклучи на советодавна основа за изготвување на нов закон.

Извот: мкд.мк

извор:курир.мк

Loading...

Related posts