vesti24.mk
ЗАБАВА

Македонски феномен: Долината на кактусите (ФОТО)

ECA

Во пустината Сонори, која се протега низ Аризона, Калифорнија и мексиканската држава Сонори, успеава кактусот Сагуаро. Тоа е најголемата живo „суштество“ воопшто во пустините. Може да достигне висина до 20 метри. Кога неговите резервоари се полни со вода, ова растение тежи до осум тони.

Долината на смртта е најниска депресија во северната хемисфера. Во исто време, тоа е областа со најмалку врнежи и највисоки температури.

Термометарот покажува 49 Целзиусови степени, а може да биде и 56, скоро како во либискиот дел на Сахара. И сето тоа на околу 30 километри од планините Сиера.

Симбол на пустината

Кактусот на сагуаро (Carnegiea gigantea) има форма на свеќник со големи гранки и може да порасне над 20 метри. Гранките понекогаш се свиткани како рака на лактот, или под различни агли.

Надворешниот слој е зелен и покриен со мазна, восочна обвивка, што го прави непропустлив.

Кога врне дожд, растението се развива и се шири за да добие вода.

Животниот век на овој пустински гигант е од 150 до 200 години.

Кактусите е познато дека се среќаваат претежно во пустини. Но, интересно е тоа што и ние имаме долина на кактусите. Не е како долината на смртта во Америка, но импресивна многу блиску до тоа.

Македонски феномен

Во Македонија, кактусот се смета како необичен природен феномен, пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија.

На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот. Таа овозможила, според кажувањето на мештаните, кактусите да опстанат повеќе од 15 години и да се шират на сè поголем простор.

Погледот кон ридот плени со шаренилото кое ја создава црвено-зелената прекривка на малите линиски наредени растенија – зелени бодликави листови со црвени торбички во кои е сместено семето, а на лето расцутуваат и прекрасни жолти цветови. Кај нив цутењето трае долго и може да се повторува во текот на годината. Зачудувачки е што овие прекрасни билки преживуваат и во зима кога наѕираат над снежното белило.

Се верува дека семето од џуџестите кактуси е донесено од птиците преселници кои се засолнуваат во блиските карпи каде е и живеалиштето на птиците грабливки – мршојадците. Селото Клисура стана познато токму поради кактусите и ретките птици грабливки кои претставуваат природни услови за развој на алтернативен туризам. Последниве години е сè попосетена Долината на кактусите од домашни и странски туристи кои се восхитуваат од живописноста на овие ретки билки. Освен тоа, тука се наоѓа и пештерата Змејовец како една од најубавите пештери во Македонија, со импозантно пештерско богатство.

И во атарот на пробиштипското село Долно Барбарево, како и кај селото Драгобраште во Општина Виница, забележани се ридови полни со кактуси од родот „Opuntia“. Како и од каде стигнале и виреат овде, останува мистерија. Кактуси се видени и во околината на Велес, а ги има во карпестиот дел околу Пешти и манастирот Св. Димитрија. Познавачите велат дека и во овој дел на Македонија кактусот е автохтоно растение кое само израснало, а не е засадено од човек.

Со оглед дека кактусот е една од билките која најбавно расте, од приложените фотографии јасно е дека на овие примероци им требало долго време да израснат и процутат. Поради тоа, за туристите се неповторливо доживување да ги посетат и да ја запознаат недопрената природа во овие краеви, како и ретките природни феномени необични за Македонија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts