vesti24.mk
ВЕСТИ

Македонците од Германија со реакција до Маричиќ околу употребата на термините „Македонија“ и „македонски“

ECA

Во името на Централниот совет на Македонците од Берлин, кој ја застапува Македонската заедница во Германија, жестоко реагираме по повод информациите во јавноста дека се оспоруваат називите „Македонија” односно „македонски” при регистрација на здруженија односно компании во Македонија.

Уставот на Македонија и самиот таканаречен „Преспански Договор” не предвидува такви рестрикции. Доколку овие информации се точни, ги повикуваме оштетените да ги преземат сите можни правни мерки во рамките на македонскиот судски систем. Тоа би значело кршење на основните човекови права, истовремено би се кршел Уставот на Македонија и би се излегувало од рамките на таканаречениот „Преспански Договор”.

Дури и самиот „Преспански Договор” вели дека секое трговско здружение, здружение на граеани, и други организации кои не се финансирани од државата, може непречено да го користи називот „Македонија” односно „македонски”. Се прашуваме кој е поводот и причината што очигледно некој сака да го спречи користењето на овие називи кои лежат во срцето на секоја Македонка и секој Македонец, дали во матичната држава, така и во дијаспората?

Ја повикуваме македонската влада, наместо да го ограничува користењето на името „Македонија”, да го поддржува слободното изразување на македонските граеани, и да го попикнува и понатаму користењето на името „Македонија” бидејКи тоа е нашето вековно наследено историско име. Секое ограничување е неприфатливо и Ке предизвика силни реакции кај македонскиот народ, реагираат од Централниот совет на Македонците од Берлин.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts